Трамп: Ако Хамас продолжи да убива луѓе во Газа, ние ќе дојдеме и ќе ги убиеме

Доналд Трамп се закани дека САД ќе „убијат“ членови на Хамас ако групата продолжи да убива цивили во Газа, објави американскиот претседател на социјалната мрежа „Truth Social“.

-Ако Хамас продолжи да убива луѓе во Газа, што не беше дел од договорот, нема да имаме друг избор освен да влеземе и да ги убиеме, напиша Трамп.

Пораката доаѓа по извештаите за судири меѓу борците на Хамас и милициите во Газа откако израелските сили делумно се повлекоа, и по размената на заложници и затвореници во понеделникот.

Извештаите, исто така, укажуваат дека Хамас егзекутирал луѓе што ги обвини за соработка со Израел.

Трамп претходно изјави дека судирите „не го мачат“ и не го поткопуваат неговиот мировен план. 

МИА

Најчитани вести