Влезот на Украина во НАТО „нема да се случи“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на средбата со британскиот премиер Кир Стармер.
Говорејќи во Овалната соба, Трамп истакна дека неговиот „приоритет број еден“ е да ги прекине борбите бидејќи илјадници војници веќе загинале.
Британскиот премиер посочи дека има намера да разговара со Трамп за тоа како да се погрижи Москва да не го прекрши мировниот договор меѓу Русија и Украина.
Сепак, Трамп изрази уверување дека рускиот претседател Владимир Путин ќе го одржи зборот, додавајќи: „Уверен сум дека ако направиме договор, тоа ќе биде испочитувано“.
На крајот од средбата, американскиот претседател беше запрашан дали е подготвен повторно да го нарече Зеленски диктатор. „Дали јас го реков тоа? Не ми се верува дека го реков тоа. Следно прашање“, одговори Трамп, пишува српски Ало.


