Трамп шокира со новата наредба, сака да го отвори најстрашниот затвор во светот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повика на повторно отворање на озлогласениот затвор Алкатраз. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп рече дека Америка  „ја мачат сурови, насилни и повеќекратни престапници“. Тој додаде дека кога САД биле „посериозна нација“, „не се двоумеле да ги затворат најопасните криминалци“.

 „Затоа денес му наредувам на Заводот за затвори, заедно со Министерството за правда, ФБИ и Службата за внатрешна безбедност, повторно да го отворат значително проширениот и реновиран Алкатраз за да ги сместат најсуровите и најнасилните криминалци во Америка“, напиша Трамп. Трамп рече дека повторното отворање на затворот во Сан Франциско „ќе служи како симбол на законот, редот и правдата“, пренесува Sky News.

Најновата политичка најава на американскиот претседател доаѓа откако минатата недела го отпушти советникот за национална безбедност Мајк Валц, што е првата голема промена во неговата администрација. Алкатраз беше озлогласен по тоа што не можеше да се избега, а во 29-те години додека беше отворен, 36 мажи се обидоа да избегаат во 14 одделни случаи, според ФБИ. Речиси сите биле фатени или не го преживеале обидот за бегство. Во затворот беа сместени некои од најозлогласените американски криминалци, вклучувајќи ги Ал Капоне и Џорџ Кели. Исто така, беше тема на бројни филмови, вклучувајќи го и „ The Rock “, во кој глумат Шон Конери и Николас Кејџ.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести