Трамп за Си-би-ес: „Мислам дека војната е речиси готова“

Индексите на американскиот берзански пазар пораснаа веднаш по твитот на новинарката на Си-би-ес, дека американскиот претседател рекол дека војната наскоро ќе заврши.

Претседателот Доналд Трамп денеска на новинарка на Си-би-ес ѝ рече дека војната против Иран би можела наскоро да заврши, а одделно разговарал и со рускиот лидер Владимир Путин  за војната, според Кремљ.

„Мислам дека војната е речиси готова“, рече Трамп, според Веиџија Џијанг, виш дописник на Си-би-ес од Белата куќа.

„Тие немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздухопловни сили“, рече Трамп, според Џијанг, која објави за своето интервју со претседателот на X.

Индексите на американскиот берзански пазар пораснаа веднаш по твитот на Џијанг.

Трамп, исто така, рече дека САД се далеку пред неговата првична проценка дека војната би можела да трае четири до пет недели, објави Џијанг.

„Нивните ракети се расфрлани. Нивните беспилотни летала се разнесуваат насекаде, вклучително и нивното производство на беспилотни летала. Ако погледнете, им останало ништо. Не останало ништо во воена смисла“, рекол Трамп.

Американскиот претседаѕтел изјави дека има некој друг, освен новоизбраниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, да ја води земјата.

„Немам никаква порака за него. Никаква, никаква“, додал Трамп.

Извор – Слободен печат

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести