Треба ли да постои збор за „речиси алкохоличар“?

Сите мислат дека знаат што значи зборот „алкохоличар“, но што е со оние кои многу пијат, но не спаѓаат во дефиницијата за алкохолизам? Треба ли да постои збор кој го премостува јазот помеѓу алкохоличар и неакохоличар?

Терминот алкохоличар – кој според значењето објаснува некого кој е склон кон алкохолот – бил првпат употребен во 1852 година, во ревијата Шкотски темперамент.

Оттогаш, стотици милиони тешки пијаници се соочуваат со пријателите и семејствата со незгодното прашање: „Дали си алкохоличар?“

А милиони го негираат тоа. Ја одбиваат таквата етикета. И признаваат само оти е можно дека пијат премногу. Но категорички го негираат зборот кој почнува со А.

Алкохоличарите се луѓе кои одеднаш заспиваат. Алкохоличарите влегуваат во тепачки. Алкохоличарите го започнуваат денот со чашка виски. Алкохоличарите се пијани сето време. Алкохоличарите не можат да задржат ниту една работа.

Сето погоре кажано не мора да е вистина, но интензивно негативната природа на зборот алкохоличар тера некои луѓе да размислуваат за негова алтернатива.

– Постои голема стигма, вели Кејт, авторката на блогот Трезен новинар. Луѓето се толку преплашени од тоа – нивните глави се полни со слики со луѓе кои пијат под мостови. „Постои огромен број на луѓе кои не се вклопуваат во тој стереотип, но можеби нивното пиење и не е баш нормално“.

Кејт отишла на средба на „Анонимни алкохоличари“ кога почнала да си мисли дека премногу пие, пред околу пет години. „Сфатив дека не припаѓам таму, дека не сум доволно алкохоличар. Чувствував дека сите други имаат поголеми проблеми со пиењето отколку јас“, вели таа.

Постојат други зборови за луѓе кои многу пијат. Почнувајќи од благо навредливиот „светкав“ до поописниот „локаџија“, па се до прозаичниот „тежок пијаница“.

Но ниеден не е толку директен како алкохоличар. А некои веруваат дека овој јаз има свое влијание.

Професионалците почнаа да користат други термини кои нема да бидат толку негативни како зборот алкохоличар, затоа што „многу лекари чувствуваат дека е многу тешко да се доближат до некој пациент ако им зборуваат за алкохолизмот“, вели др. Сара Џарвис, консултант во patient.co.uk

Луѓето во главата имаат толку јасни слики за тоа што значи да се биде алкохоличар, што се мерат себеси против тој стандард и не одат на побараат помош.

– Сите имаат претстава што е алкохоличар или проблематичен пијаница, но за секој пијаница има различна матрица, вели др. Џарвис.

Сепак, не сите експерти го делат ова мислење.

Постои опасност ако избегнувањето на терминот „алкохолизам“ ќе служи само „за да ги увери луѓето дека нивното пиење е во ред, кога не е така“, вели Мојра Плант, редовен професор по студии за алкохолизам на Универзитетот на Западна Англија.

Таа се согласува дека широко распространетиот впечаток за алкохоличарите како скитници или улични пијаници, ги спречува другите пофункционални луѓе кои имаат проблем со пиењето да побараат помош. Но таа вели дека најдобар начин за справување со ова е да се исправат погрешните стереотипи, а не да се занемари ситуацијата со која се соочуваат толку индивидуи – од кои многу веќе се ставени во немилост.

– Луѓето нормално го сфаќаат тешкото пијанчење, вели таа. „Тие стремат да претераат во проценката што другите пијат. Тие велат `Јас не пијам колку мојот пријател и тоа е во ред`“.

Постојат други зборови кои опишуваат некого кој премногу пие. Во 19-иот век, зборот „пијаница“ бил популарен термин, а зборот „пијаничиште“ потекнува дури и од 15-иот век.

Англискиот Министерство за здравство препорачува мажите да не пијат повеќе од три до четири единци алкохол на ден, а жените да не пијат повеќе од две до три единици на ден.

Но пиењето над овие препорачани дози не мора да значи дека личноста е алкохоличар. Тоа само значи зголемен ризик од штетност по здравјето.

– Алкохоличар е оној кој е зависен од алкохол и пие до ниво кое го доведува во опасност неговото здравје, вели др. Џарвис.

Терминот алкохоличар е многу присутен во јазикот на обичните луѓе, вели Тим Лејтон, директор по професионала едукација и истражување во „Акција против зависностите“.

– Во Европа и во Обединетото Кралство, во 60-ите постоеше избегнување на овој термин затоа што се сметаше за навредлив. Сега ние зборуваме за „зависност од алкохол“, но не слушаме како луѓето на улица велат тој е „зависник од алкохол“, туку тие велат дека е `алкохоличар`“, вели тој.

Др. Џарвис вели дека е срамно што зборовите „опасно“ и „штетно“ пиење не се користат пошироко.

Проблемот со користењето на зборот „алкохоличар“ е што тој има тесно значење. „Или сте таков или не сте“, вели Лејтон. „Токму затоа некои луѓе преферираат да го користат `зависнот од алкохол`. Можете да бидете алкохоличар и без многу да пиете – се е поврзано со зависноста, со губењето на контрола“.

– Долго време тоа беше строго прифатена категорија, постоеше специфичен критериум и ако ги исполнувате овие критериуми, тогаш сте алкохоличар, вели Џозеф Новински, еден од авторите на кигата „Скоро алкохоличар“.

Постои основа за голема контроверзност – се додека не ги исполнувате условите за алкохоличар, ќе речете: „Не сум алкохоличар, па затоа немам проблем со пиењето“.

– Не постоел збор за луѓе кои дошле до точка кога себеси си го поставуваат прашањето: „Имам проблем или не?“

На основа на ова, Новински и Роберт Дојл дојдоа до концептот да се биде „скоро алкохоличар“, за да ги опишат луѓето кои не се алкохоличари, но кои „влегле во сивата зона на проблематичното пиење“.

– Зоната скоро алкохоличар е всушност прилично широка. Луѓето кои влегуваат тука не се алкохоличари. Всушност, тоа се мажи и жени чии навики за пиење се протегаат од скоро квалификувани за скоро алкохоличари, до оние кои пијат до границата на злоупотреба“, напишаа тие во Атлантик.

– Проширениот став за пијанечко однесување во смисла на спектар кој е спротивен на дискретните категории, од некои може да се смета како отворање на вратата за претерана дијагноза на поврзаните проблеми. Веруваме дека спротивноста ќе се покаже дека е така: дека оваа промена на парадигмата ќе им овозможи на луѓето да ги препознаат проблемите порано, и да побараат решенија без да бидат обележани како алкохоличари“.

– Постои голем опсег на алкохолни проблеми, вели Лејтон. „Многу луѓе кои имаат проблеми со алкохолот не се алкохоличари“.

Се додека не се популаризира новата етикетираност, ќе постојат луѓе кои се мачат да признаат дека имаат проблем, вели тој.

Но за Кејт, постоечкот термин ќе си ја добие својата смисла онака како нејзиното опоравување напредува.

– Чувствувам дека пред осум месеци немаше да речев дека бев алкохоличар, но сега можам да кажам дека сум била затоа што знам што тоа значи, вели таа.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести