Во пресрет на денешниот дуел на сент Џејмс Парк, помеѓу Њукасл и Челзи, тренерот на домашната екипа, Алан Пардју, му упати закана на славниот колега.
Имено Пардју на Жозе Мурињо му порачува да припази на своето однесување, бидејќи ако го повтори театралното прославување од натпреварот со Манчестер Сити, лошо ќе помине.
– Ако скока околу мене, ќе му удрам шлаканица. Поголем сум од него и тој тоа го знае. Нека скока во публиката или било каде, да не скока околу мене – рече Пардју.
Минатиот викенд, Мурињо го прослави победоносниот гол на Фернандо Торес, против Манчестер Сити (2-1), со трчање во првите редови на Стемфорд Бриџ и меѓу навивачите. Подоцна неговиот противник, Мануел Пелегрини, одби да ракува со него.


