Tрговската размена со странство ланската година, Македонија ја заврши со дефицит поголем од две милијарди и триста милиони долари.
Државната статистика ги објави податоците според кои, во 2014-та година вкупната трговска размена изнесувала повеќе од 12 милијарди долари од кои скоро 5 милијарди долари извоз и 7,2 милијарди долари увоз, со што покриеноста на увозот со извозот, изнесувала 67,8%.
Според статистиката, лани во споредба со 2013-та година, извозот се зголемил за 15% додека увозот растел со помала динамика од 10% .
Во анализираниот период Макеоднија најмногу извезувала: катализатори на носачи со благородни метали, фероникел, производи од железо и челик и облека. Во увозот и натаму доминантни остануваат енергенсите, однсоно нафтата и електричната енергија.
Земјите од Европската унија и натаму остануваат најголемиот бизнис партнер на земјава а од нив Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија и Италија. Од регионов Србија е земјата со која Македонија има најдобра трговска врска.
Според оценките на Владата, растот на извозот се толкува и како резултат на зголемените извозни активности и на странските компаниии што работат во земјава. Дел од економистите веќе оценија дека странските фирми го зголемуваат извозот, но не треба да се занемари дека имаат удел и на узвозната страна, поради влез на репроматеријали и други суровини за обработка.
Извор: 24 Вести


