На првите осминафинални натпревари од Лига Европа одиграни синоќа на три победија гостинските екипи.
Чекор поблиску до пласман во ТОП 8 се екипите на Бенфика, Бетис и на Валенсија, кои славеа на гостински терен.
Наполи на Македонецот Горан Пандев загуби на гостувањето кај Порто, а Пандев во игра влезе во 79.та минута на местото на Каљехон.
Резултати на осминафиналните натпревари од Лига Европа: Базел – Салцбург 0:0, Лудогорец – Валенсија 0:3, Порто – Наполи 1:0, АЗ – Анжи 1:0, Јувентус – Фиорентина 1:1, Олимпик Лион – Викторија Плзен 4:1, Севиља – Бетис 0:2 и Тотенхем – Бенфика 1:3.
Реванш натпреварите се играат на 20 март.
]]>


