Агротим.мк – специјализирана платформа за информации од агркомплексот и агроберза. Во работната група за Договорното производство на сончоглед е вклучена и фирмата „Биспромет Агроцентар“ од Битола преку авансирање на семе и останати репроматеријали во соработка со откупувачот- Благој Ѓорев. -Во соработка со „Благој Ѓорев“, ќе им дадеме на земјоделските производители семенски материјал и други репроматеријали на одложено плаќање. Нашите семиња се висококвалитен, од познати еропски и светски семенарски куќи , докажани во светот кои гарантираат висок и квалитетен принос. Особено е важно што сортите се прилагодени на нашите климатски и почвени услови со цел земјоделците да добијат висок принос и да заработат од производството- вели Никола Ѓероски, директор на „Биспромет Агроцентар“. Кампањата ќе стартува следната недела со трибина во Битола, а потоа средби со земјоделците ќе има и во Прилеп, Свети Николе, Велес, Куманово, Битола и други региони каде што успеава сончогледот.]]>


