потребна заради поголема едукација на земјоделците, поедноставуавање на начинот на комуникација на агентите на терен, да зборуваат со „земјоделски речник“ , едноставно да им објаснуваат за предностите и што е најдобро за нив.
За Владата пораките се да продолжиме со субвенционирањето на 60% од осигурителната полиса, но и побрзо да се воведе новиот начин за заштита од град со засејување на облаците.
Во вторник во Прилеп ќе биде последната трибина од оваа фаза на едуктивната кампања за зголемување на земјоделското осигурување. Следува подготовка на видео кампања како и информации преку социјалните мрежи и друг вид на комуникација со земјоделците со цел подигнување на јавната свест за земјоделското осигурување.
Фејсбук статус на Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на премиерот
]]>


