Трите денари од повисоката акциза за нафтените деривати одат директно во буџетот за справување со коронавирусот

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.

Со оваа Уредба се пропишува износот на акцизата за безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар, за гасно масло како погонско гориво, односно дизел горивото, за гасното масло како гориво за греење.

Уредбата е донесена за да се ублажуват економските последици од зголемените трошоци за справување со коронавирусот КОВИД-19 и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби, а имајќи ја предвид вонредната состојба во државата и забраните и ограничувањата за движење на населението, економските состојби во државата и намалената потрошувачка на горива во периодот на вонредната состојба, како и драстично намалената малопродажна цена на горивата на пазарот.

Предложениот механизам овозможува и постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на цените на пазарот, што се очекува тогаш кога ќе заврши состојбата предизвикана од здравствено-економската криза заради коронавирусот.

Согласно оваа уредба цената на акцизата на нафтените деривати опфатени со неа се зголемува за 3 денари.

Имајќи предвид дека има пад на цената на нафтата од околу 20 денари во период од 8 јануари до 6 април оваа година, има услови за преземање на ваква мерка, односно зголемување на акцизата за нафтените деривати како анти кризна мерка во борба против КОВИД – 19.

Тврдењата дека зголемувањето на акцизата ќе се одрази негативно на цените и дека ќе трпи транспортната, или другите дејности врзани за нафтените енергенси, се финансиски неоправдани и неосновани.

Напротив транспортните компании на почетокот на годината кога ги креирале своите финансиски планови не предвиделе ваков пад на нафтата, согласно тоа истите веќе остваруваат заштеди по основ на цените на нафтата кои ги плаќаат.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести