Триумф на Работнички над Лирија

Кошаркарите на Работнички триумфираа на гостувањето кај Лирија со 75:65 на последниот натпревар од 16.коло од Првата кошаркарска лига одигран синоќа во СРЦ „Кале“.

Победникот беше решен во вториот дел во кој Работнички прими само 18 поени. По четвртини резултатот беше: 22:17; 25:20; 11:20 и 7:18.

Со оваа победа Работнички го задржа истиот скор со Кожув (13-1 победи и порази) и во петок во дирелтен дуел во „Градски парк“ ќе решаваат за првото место во овој дел од лига натпреварувањето.

Најефикасен на натпреварот беше Горан Икониќ со 29 поени (7 тројки), а Дарко Соколов постигна 14.

Кај Лирија Димче Тасевски постигна 17 поени.

Табела: Работнички 13- 1 (победи –порази), Кожув 13-1, Лирија 10-4, Куманово 9-5, Струмица 7-7, Фени Индустри 5-9, Вардар Апаве 3-12, Карпош Соколи 3-11, Пелистер Спорт 1-14.

]]>

Најчитани вести