Тројца исчезнати под урнатини на зграда во источниот германски град Герлиц

Три лица се водат за исчезнати кога станбена зграда се урна во источниот германски град Герлиц, соопштија локалните власти.

Според полицијата, од петте првично пријавени исчезнати, две лица биле пронајдени кратко по полноќ и се неповредени,  потрагата по другите продолжила во текот на ноќта.

Според првичните информации, можна причина за уривањето на повеќекатницата во близина на железничката станица во Герлиц е експлозија на системот за снабдување со гас. 

Спасувачките екипи работеле со претпазливост поради истекување на гас под урнатините, а областа била евакуирана и обезбедена од полицијата и пожарникарите.

Во зградата имало и станбени и туристички апартмани, а објектот е во сопственост на општинска станбена компанија.

МИА

Најчитани вести