Тројца македонски кик боксери ќе учествуваат на Европскиот куп

Димитар Георгиев во категоријата -79кг кик лајт, Мики Ивановски во категоријата -74кг К1 и Арџент Узеири -67кг К1 ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот куп ,,Белград Опен “ во периодот 28 февруари – 3 март.

Во Кик Боксинг федерацијата на Македонија со големи амбиции го дочекуваат ова меѓународно натпреварување.

– Репрезентативците кои ќе не претставуваат на овој Европски куп во Белград се одлично подготвени и од нив се очекуваат високи резултати со оглед на тоа дека сите се искусни и докажани во своите дисциплини, соопштуваат од КБФМ.

Стручниот тим на нашиот состав ќе го предводи претседателот на федерацијата Александра Неделковска, селекторот Дејан Митровски и тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски.

]]>

Најчитани вести