„Најостро ги демантирам тврдењата на Јасна Котеска – повикувам да запре ширењето дезинформации! Ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет. Ова е чиста лага, граѓаните да не подлегнуваат на овие шпекулации“, напиша министерката за образование Мила Царовска, на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Демантот доаѓа откако професорката на Филолошкиот факултет, Јасна Котеска објави на социјалните мрежи дека наводно се подготвувал, како што го нарекува „таен државен удар“ и укинување на групата „македонски јазик“, на Филилошкиот факултет со новите реформи во образованието.
]]>


