Целта на Груевски за да се спаси себе и врхушката е до Август да се укине во целост СЈО

СЈО и Шарената револуција се единствена индикација дека слободата и правдата ќе се вратат во институциите со нивна независност. Воедно и единствена надеж на се повеќе граѓани.

Со оглед на денешните случувања, со кои се докажа дека мафијашката власт е со иста сила и интензитет креатор на диктатурата и фашизмот во земјава, јас веќе не верувам во силата на преговорите. Не верувам во промени кои во секоја нормална земја одамна би се случиле по толку моќни протести како Шарената револуција.
Целта на Груевски за да се спаси себе и врхушката е до Август да се укине во целост СЈО.
Затоа и денес не се изгласа уставност за работата на СЈО.

Не се исполнети условите за избори. Народот тоне во сиромаштија, секојдневно се соочува со преживување во буквална смисла на зборот, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и понатаму се активни со уцени на граѓаните и рекетирање на фирмите. Сеуште сеат страв и притисок.

Постојат само две опции

Или опозициските партии и дирекните учесници во процесите на преговори и останати поддржувачи да излезат целосно од овие процеси и да го превземат решавањето на состојбиве во координација со грѓанските организации или да се изјаснат отворено и да ги презентираат сите опции дадени на преговорите транспарентно со граѓаните и да ни поскаат среќен пат во еден правец надвор од земјава.

Се друго е време во нивна корист, кое само ги зајакнува.

Радикални но не насилни протести или Македонија нема да ја биде слободна демократска држава, ќе стане јавна куќа на домашни курви и перална на светски прљави пари.

Фејсбук статус на Ивет Ѓорѓиева

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести