Црвена Звезда поуспешна од Партизан во дербито на АБА лигата

Дерби натпреварот на 21.коло од АБА лигата одигран синоќа во Белград го добија кошаркарите на Црвена Звезда со 63:57 совладувајќи го големиот ривал Партизан.

Со овој триумф „црвено-белите“ се вратија на првото место на табелата и се на добар пат први да обезбедат пласман на завршниот турнир.

Последниот натпревар од оваа рунда меѓу Олимпија и Будуќност се игра вечерва.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: МЗТ Скопје Аеродром – Задар 78:69, Шолнок – Игокеа 79:72, Раднички – Цедевита 61:78, Широки – Мега Визура 72:86 и Цибона – Крка 92:78.

Табела: Црвена Звезда 17-4 (победи-порази), Цедевита 16-5, Партизан 14-7, Цибона 14-7, Игокеа 12-9, Будуќност 12-8, МЗТ Скопје Аеродром 10-11, Мега Визура 9-12, Крка 9-12, Раднички 8-13, Олимпија 8-12, Шолнок 7-14, Широки 5-16 и Задар 5-16.

]]>

Најчитани вести