Екипата на ЦСКА Москва е втората која успеа да се пласира во четвртфиналето на Евролигата (Барселона прва).
ЦСКА успеа да слави убедлива победа дома над Партизан, додека по поразот од Баерн на гости Реал Мадрид ја одложи промоцијата за некое следно коло.
Инаку, синоќа се одиграа пет натпревари од двете групи од 10.коло.
Преглед на резултатите од 10.коло: Фенербахче (Лестер Бо Мекејлеб 13 поени) – Уникаха Малага 69:67, Лаборал – Емпорио Армани 65:83 (Е група), ЦСКА Москва – Партизан 84:52, Баерн – Реал Мадрид 85:83 и Макаби – Жалгирис 77:67 (Ф група).
Денеска се играат натпреварите: Анадолу Ефес – Панатинаикос, Барселона – Олимпијакос и Локомотив Кубан – Галатасарај.
Табела Е група: Барселона 9-0 (победи-порази), Емпорио Армани 7-3, Уникаха Малага 5-5, Олимпијакос 4-5, Панатинаикос 4-5, Анадолу Ефес 2-7, Лаборал 2-8. Табела Ф група: ЦСКА Москва 9-1, Реал Мадрид 8-2, Макаби 7-3, Баерн 5-5, Локомотив Кубан 4-5, Галатасарај 3-6, Партизан 2-8, Жалгирис 1-9.
]]>


