Еџевит Окузчу, жител на провинцијата Синоп во Турку, 24 години го чека враќањето на својата сакана сопруга на автобуската станица.
Турските медиуми пишуваат дека љубовната приказна на Окузџу е многу потресна. На новинарите им рекол дека ја сретнал „жената од неговите соништа“ на таа автобуска станица и дека нивната љубовна приказна се развивала токму онака како што тој си замислил, додека не се случила трагедијата.
На млада возраст му била дијагностицирана болест поради која постепено го губи видот. Иако поминал низ бројни третмани, ниту еден од нив не се покажал како успешен. За жал, жената што ја сакал заминала за Истанбул и повеќе не се вратила. Иако оттогаш поминале повеќе од 20 години, Окузац не ја изгубил надежта, верувајќи дека еден ден неговата сакана ќе се врати на истата автобуска станица каде што за прв пат им се вкрстиле патиштата. Затоа тој секој ден ја чека на станицата.
Како што вели, нема поблиски членови од семејството освен неговиот брат кој не живее со него. Преку ден, Окузац може да се најде на автобуската станица, локално место кое сега е познато како станица „ашик Еџевит“, што значи „заљубен Еџевит“, кое стана своевиден симбол на неговата трајна љубов и посветеност.
Извор: klix.ba


