(ВИДЕО) Тутунарите од Дебреште ги поздравија мерките на СДСМ за земјоделство

Кандидатот за пратеник во петата изборна единица Васко Ковачевски заедно со Ленче Николовска ги посетија жителите на Дебреште во општина Долнени.

dolneni2

Во ова село земјоделците најмногу се занимаваат со производство на тутун, а нивните забелешки главно се околу неправедната проценка на класите при откуп, за што нема каде да се жалат, а бараат и укинување на 4 класа. Мерка која СДСМ ја има предвидено во својата програма.

dolneni4dolneni7

dolneni5

-Четвртата класа се укинува, а земјоделците ќе имаат и поголема заштита од државата на откуп при проценка на класите. Исто така ги зголемуваме и субвенциите и тоа, 80 денари за прва класа, 70 за втора и 60 денари за прва класа. Најавивме  и ревизија на поделбата на државната земја со што земја ќе добијат сите вистински земјоделци – рече Николовска.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести