Во Кавадарци утринава лишено е од слобода лице кое избегнувало да издржи казна затвор, соопшти портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
– Денеска е постапено по наредба од Основен суд Кавадарци за лишување од слобода на лице заради издржување казна затвор. Притоа, лишено е од слобода лицето Емран В. (25) од Струмица со привремен престој во Кавадарци заради издржување казна затвор во траење од четири години за сторено кривично дело „полов напад врз дете“. Тој е спроведен во КПУ Идризово, рече Стојковска.
]]>


