Уапсен скопјанец кој неколку пати силувал девојче

Утрово во околу 05:00 часот во шума помеѓу скопските села Паничари и Буковиќ, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 48-годишниот Ф.Т. од Сарај, скопско, кој се барал по распис од СВР Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, информира МВР. Тој една година бил во бегство.

На 26.09.2019 во СВР Куманово било пријавено дека Ф.Т. извршил обљуба врз 14 –годишно девојче од село од општина Липково, на кое и бил очув. Подоцна, во разговор со полициски службеници девојчето изјавило дека нејзиниот очув и претходно(уште кога имала 12 години), во повеќе наврати извршил обљуба врз неа. Ф.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести