Хендбол Монтенегро. „Колку повеќе гледаме во резултатот од Хамбург, толку повеќе не можеме да поверуваме- па „мал“ клуб од ридестиот Балкан го елиминираше ХСВ, додека другиот (Металург) во два меча го прегази Колдинг. Беше задоволство да се гледаат два ракометни клуба кои, верувале или не, се од доста сиромашна земја, а сега се наоѓаат меѓу осумте најдобри на стариот континент. Освен што им одржавте лекција на Скандинавците и на Германците, им дадовте насока на сите во регионот по кој пат треба да се оди за да се направи тоа за што многумина сонуваат.Скопје дава учесник на завршниот турнир од Лигата на шампионките и две екипи меѓу осумте најдобри во елитното натпреварување за ракометари. Со такви резултати не може да се пофали ниту еден град во Европа. Македонци, на вистински пат сте- уживајте, вложувајте, играјте, а ние барем засега ќе гледаме, ќе се радуваме и ќе навиваме за вас… Дадовте еден посебен шмек на европскиот ракомет, не дозволувајте оние што се полни со комплекси да го намалат значењето и да ве сопрат, пишува Хендбол Монтенегро.]]>


