Убедлива победа на Металург против Борац во СЕХА лигата

Во натпревар од 13. коло на регионалната СЕХА лига, екипата на Металург славеше убедлива победа со 36:18 полувреме 16:6 во дуелот со Борац од Бања Лука. На средбата одиграна попладнево во СЦ „Борис Трајковски’’ во Скопје, македонскиот вицепрвак иако во комбиниран состав ја оправда улогата на фаворит и ја оствари седмата победа во СЕХА лигата.

Најдобар стрелец за тимот од Автокоманда беше Игор Мандиќ со осум постигнати голови. Дејан Манасков постигна шест, а Гоце Ојлески и Лука Циндриќ придодадоа по четири голови. Со оваа победа Металург се зацврсти на четвртата позиција со 25 бодови колку што има и македонскиот шампион Вардар на третото место. Пред нашите претставници се екипите на Загреб КО со 31 (натпревар повеќе) и Тантар Прешов кој има 30 бодови. Овие четири екипи се и главните претенденти за завршниот „Фајнал-фор’’ турнир, односно шампионскиот трофеј во ова натпреварување.

Ова беше последна контрола за Металург пред продолжувањето на натпреварите во Лигата на шампионите,  во која веќе во сабота гостува во Париз кај составот на П.С.Ж.

]]>

Најчитани вести