Убиени двајцата терористи кои извршија терористички напад во Анкара: Четири лица загинаа, уште 14 се повредени

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека четири лица загинале, а 14 се повредени во терористички напад во областа Кахраманказан во Анкара.

Тој рече дека нападот е извршен врз компанијата „Turkish Aerospace Industries Inc“ (ТУСАШ), фабрика за авиони, многу важно место за одбраната на Турција.

– Двајцата терористи се неутрализирани. За жал, во нападот имавме четири жртви и 14 ранети, објави министерот и го осуди овој грозоморен напад.

„Нашата борба ќе продолжи со истрајност и одлучност додека не се неутрализира и последниот терорист“, рече тој.
Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган го осуди овој напад и потврди дека загинале 4 лица.

Како што објавија локалните медиуми нападот започнал со експлозија.

Според турската приватна телевизија СиЕнЕн-Турк, терористите активирале автомобил-бомба на влезот на комплексот и отвориле оган од огнено оружје. Над областа кружат воени хеликоптери.

Телевизијата ТГРТ извести и за втора експлозија.

Медиумите информираа и дека имало и заложници, но судири помеѓу напаѓачите и безбедносните сили.

Првично беше слушната експлозија на влезот на комплексот, а потоа се слушнале истрели.

Иако се уште нема информации за идентитетот на напаѓачите, според снимките што ги објавија медиумите имало најмалку двајца кои учествувале во нападот – маж и жена, облечени во црна облека. На социјалните мрежи се објавени голем број видеа.

ТУСАШ е една од најважните турски компании во областа на одбранбената индустрија и воздухопловството. Компанијата го произведува првиот национален борбен авион на Турција – КААН.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести