Скопјанецот Јонуз Идризи е убиен, а уште две лица се ранети вечерва во Чаир, oбјави „24 Инфо“.
Како што пренесе порталот Јонуз е најстариот брат на Камер Идризи, кој исто така беше убиен пред една година.
Идризи бил застрелан пред чајџилница на улицата Браќа Реџепагиќ во близина на супермаркетот „Принц“. Не е познато дали двајцата ранети биле во негова придружба или се напаѓачите.
Портпаролот на МВР Тони Ангеловски за ТВ Шења изјави дека во пукањето, што се случило во близина на училиштето „Имри Елези“, се повредени тројца, а еден од ранетите починал.
„Полицајци се упатени на местото за да го расчистат случајот“, изјави Ангеловски за Шења.
]]>


