Група ученици СУГС Арсени Јовков доцна попладнево околу 18 и 30 часот излегле надвор од објектот и се пожалиле на печење во очите и грлото.
Обезбедувањето веднаш повикало полиција, а децата се пренесени во клиниките во Скопје.
Од клиниката за токсикологија потврдуваат дека учениците што попладнево со печење во очите и грлото итно биле пренесени на токсикологија се стабилни и во моментов примаат терапија.


