13 ученици и 1 професор од средното училиште „Арсени Јовков“ попладнето завршиле на Токсикологија и во градската болница „8 септември“ со симптоми на кашлање и задушување, јавува Телма.
Според првичните информации од МВР, се работи за вдишување на спреј кој бил употребен од 2 непознати лица кои засега не се лоцирани, а според МВР по настанот се упатиле во непознат правец. Настанот се случил околу 16 часот, кога децата почувствувале печење на очите и грлото.
Според последните информации од Токсикологија, учениците се во добра состојба и вечерва ќе бидат пуштени,а и 3-те девојчиња кои завршија во градска болница примиле инфузија и витамини и се пуштени дома. Од направените анализи и испитувања кај децата, лекарите не успеале да утврдат кој е агенсот кој ги предизвикал симптомите и тоа веројатно ќе се дознае во текот на утрешниот ден од примероци земени од училиштето.


