УЕФА бара местењето резултати ригорозно да се санкционира

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска на Конгресот во Астана (Казахстан) едногласно усвои резолуција со која се бара воведување на построги казни за местење натпревари. Од УЕФА апелираат до сите земји, ваквите измами да ги третираат како кривично дело.

– Местењето натпревари е вистинска закана за фудбалот и за спортот воопшто, истакна првиот човек на УЕФА Мишел Платини.

Тој како вистински борец против овие нечесни работи во фудбалот го посочи поранешниот селектор на младата женска молдавска репрезентација до 17 години Алина Стетенко која придонесе да се разоткрие измамничка мрежа поврзана со местење резултати.

Стетенко со изнесените информации помогна доживотна суспензија да добие едно официјално лице од молдавскиот фудбал кое имало обид да го намести ЕП за девојки до 17 години во август ланската година.

– Алина кажа НЕ на корупцијата во фудбалот. Застана на вистинскиот пат и поради тоа заслужува овации во оваа сала. Таа е пример кој треба да го следиме, потенцира Платини во обраќањето до делегатите на Конгресот.

]]>

Најчитани вести