УЕФА планира да воведе ново натпреварување – Лига на нациите

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) планира да воведе турнир Лига на нациите врз основа на кој репрезентациите би можеле да изборат пласман на Светско и Европско првенство, пренесува „Скај спорт“.

Новото натпреварување би се играло секоја втора, непарна година во термините закажани за пријателски натпревари, а би завршило со „Фајнл фор“ на неутрален терен.

Ова натпреварување не би влијаело на досегашниот формат на квалификациите за ЕП и за СП.

Според предлогот учесниците на завршниот турнир би оделе директно на големите натпреварувања, а баражот би бил укинат.

Лигата би можела да почне по Мундијалот во Русија 2018 година, а точниот формат на натпреварите се уште не е познат.

Дали ќе добие дозвола оваа иницијатива ќе се знае на претстојниот Конгрес на УЕФА во Казахстан.

]]>

Најчитани вести