Угостители со порака: И по цена фирмата да ни пропадне, нема да отпуштаме работници

Сопствениците на Etno Gostilnica Vodenica Tri и Select Caffe донесоа одлука и покрај кризата и периодот кој следи нема да отпуштаат работници.

-Јас и мојот брат како сопственици на Etno Gostilnica Vodenica Tri и Select Caffe донесовме одлука дека во периодот што следи нема да отпуштиме ниту еден вработен по цена на тоа дури и фирмата да ни пропадне. Прво ние знаеме што значи во животот да се НЕМА. Второ, ние НИКОГАШ не можеме и НЕМА да заборавиме дека на нас кога ни беше најтешко во животот и кога некој се обидуваше да не сотре со милион препреки, вработените секогаш беа тука за нас и ни даваа целосна подршка со нивниот ведар дух и ентузијазам, впрочем по нешто што сме и надалеку препознатливи.
Трето бидејќи нашата фирма е повеќе од една големо семејство ние одлучивме дека и последниот денар што го имаме ќе го поделиме со нашите вработени. Во животот ние се соочивме со многу предизвици, имавме безброј падови и успеси. Ќе успееме и сега …., пишува во Фејсбук статусот на еден од сопствениците на угостителските објекти.

Газдата на националниот ресторан „Maл Алтан” од Скопје, Горан Блажевски исто така напиша статус на својот Фејсбук профил со кој ги освои симпатиите.

„Јас Горан Блажевски, сопственик на Мал Алтан, моите вработени не ги отпуштам по цена и фирмата да пропадне. Јас луѓето ги ценам, а посебно пошто знам како е да немаш, и така да ако треба ќе делам на пола, моите вработени ќе имаат поддршка целосна, од мене и мојата фамилија”, напиша Блажевски.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести