УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници за долгови доспеани до 31.12.2016 и неплатени до 31.03.2017 година.

Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

– повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност;

– повисок од 300.000 денари за правните лица.

 

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

 

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци ќе треба да се обрати до:

– надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;

– Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

 

Листата на должници можете да ја погледнете тука.

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести