Кошаркарскиот сојуз на Украина поради нестабилната политичка состојба во земјата се откажа од организирањето на Европското кошаркарско првенство 2015, соопшти денеска шефот на организацискиот одбор Макријан Лубкиваскиј.
Украина ќе и предложи на ФИБА Европа шампионатот да се одржи во друга земја, а тие да бидат домаќини во 2017 година.
– Тешко е да се организира ЕП во ваква ситуација со неизвесна политичка и економска иднина. Чувствуваме недостаток на време и несигурност околу обезбедувањето на потребните услови за еден ваков голем настан, рече Лубкиваскиј.
Одлука за нов домаќин на ЕП 2015 ФИБА Европа може да ја донесе веќе на наредниот состанок на бордот на ФИБА закажан за 23 март во Минхен.
Најголем фаворит да ја добие организацијата е Франција, а во опција е и идејата повеќе земји да бидат домаќини на шампионатот.
]]>


