Украинските воздухопловни сили (ПВО) утрово соопштија дека собориле 359 од 363 дронови и шест од осум ракети испукани од Русија во текот на ноќта.
Украинските воздухопловни сили додадоа дека руските воздушни напади во текот на ноќта биле главно насочени кон малиот западен град Старокостјантинов во регионот Хмелницки, каде што се наоѓа клучна украинска воздухопловна база и честа цел на руските воздушни напади.
Украинската војска, исто така, соопшти дека рускиот напад резултирал со три директни удари и осум области погодени од остатоци од соборени дронови и ракети. Не е наведена локацијата на штетата низ Украина, ниту дали е погодена воздухопловната база во близина на Старокостјантинов.
МИА


