Украинската влада објави видео со кое тврди дека севернокорејски војници задолжуваат униформи и оружје во Русија.
Видеото го објави Украинскиот центар за стратешки комуникации, кој работи во рамките на украинското Министерство за култура и информации.
Како што соопшти Центарот, видеото е снимено во тренинг центарот Сергејевски.
Претседателот на Украина претходно излезе совакво тврдење, дека Северна Кореја влегува во војна против Украина. Според украинските разузнавачки служби се работи за повеќе од 10.000 севернокорејски војници кои се обучуваат за војна против Украина на територијата на Русија. Кирило Буданов, началникот на воената разузнавачка служба на Украина во интервју за веб-страницата The War Zone изјави дека околу 11.000 припадници на пешадиските единици на севернокорејската армија во моментов се обучуваат. Се очекува нивната обука да заврши до 1 ноември, односно за неполни две недели.
Буданов додаде дека севернокорејските сили треба да користат руска опрема и муниција во борбите.
Да потсетиме, Министерството за одбрана на Јужна Кореја пред 10 дена објави дека Северна Кореја најверојатно ќе испрати дел од своите редовни вооружени сили во Украина како поддршка на Русија.
Неколку дена подоцна, американскиот Институт за проучување на војната објави дека неколку илјади севернокорејски војници се обучуваат во Русија и може да бидат распоредени во Украина.
Exclusive – Newly obtained footage from Russia's Sergievsky Training Ground showing North Korean troops being outfitted in Russian gear in preparation for deployment to Ukraine. pic.twitter.com/01Z4jZIiOe
— SPRAVDI — Stratcom Centre (@StratcomCentre) October 18, 2024


