Украинците го уапсиле Медведчук, човек на Путин кој требало да го замени Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот профил на Телеграм објави фотографија од прорускиот политичар и медиумски тајкун Виктор Медведчук, кој се споменуваше како еден од фаворитите на Путин да ја преземе власта во Киев во случај на пад на актуелната администрација.

„Нашата СБУ изврши специјална операција. Секоја чест! Повеќе детали подоцна. Слава на Украина!“, напиша Зеленски во пораката објавена со фотографијата на Медведчук, кој е облечен во маскирна униформа на украинската армија.

Украинската безбедносна служба тоа го објаснува со неговата намера да се „маскира“.

Набргу по почетокот на руската инвазија на Украина, беше објавено дека Медведчук, кој пред војната беше ставен во домашен притвор поради различни сериозни обвинувања, побегнал на непозната локација.

Објавувањето на фотографијата сугерира дека тој е фатен во операција на украинската тајна служба СБУ, но околностите засега се нејасни.

Инаку, Медведчук е на списокот на олигарси блиски до Путин кои се под санкции од Западот, поради што во Хрватска му е конфискувана скапа јахта.

https://twitter.com/ServiceSsu/status/1513953235714904064
]]>