Уличните продавачи во Турција не се само трговци, тие се раскажувачи, чувари на традициите и водич за убави спомени

Во прометната метропола како Истанбул, меѓу шарените улици и шармантните улички, ќе наидете на навистина неверојатна глетка – бројни улични продавачи, од кои секој му дава посебен шарм на мозаикот на овој град, буди носталгија за некои минати времиња кои продолжуваат да живеат со помош на овие вредни луѓе.

Продавачи на симити, печени костени, чај, пченка, сите тие ги чуваат убавите традиции на Турција, обезбедувајќи ни искуство што ги надминува границите на времето. Додека сонцето изгрева над градот, мирисот на симит се шири низ улиците. Продавачи со колички, често со дрвени послужавници полни со ѓевреци ставени на раменици, се спуштаат по стрмните улици на Истанбул.

Во пресрет на зимата, пукањето на костени кои се печат на скара на аголот на некоја широка, елегантна авенија ќе ви ги разбистри мислите . Чајот или кафето што се сервира свежо сварено и испиено „од нога“ ќе направи посетителот да се чувствува како да припаѓа таму, каде заедништвото е сè уште важно.

Меѓутоа, меѓу уличните продавачи посебно место зазема еден – бозаџијата, истиот кој Орхан Памук го овековечи во својот роман „Чудно чувство во мене“. Мевлут, кој денес ретко се гледа како плови по калдрмата на Истанбул во зимските вечери, продавајќи боза, симбол на минатото на овој град.

Она што ги прави уличните продавачи толку посебни не се само нивните производи, бидејќи покрај тоа, тие нудат дух на гостопримство и топлина толку карактеристични за турската култура. Секогаш расположени за пријателски разговор, за споделување приказна за себе или нивниот град, тие ќе ве одведат на патување низ времето каде модерната сегашност стои рамо до рамо со драгоценото минато.

Уличните продавачи во Турција не се само трговци, тие се раскажувачи, чувари на традициите и водич за убави спомени. Тие нè потсетуваат да го прегрнеме минатото, да уживаме во сегашноста во овој безвременски град каде и да не однесе патот.

Најчитани вести