
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот, кој веднаш бил префрлен во Градска општа болница „Наум Охридски“ и е во животна опасност. Увид извршила екипа на СВР Скопје.
Ова е официјалната информација од МВР. А според сведоци на настанот, се работи за Дејан Митревски – Урко, вработен во МВР, кој со своето возило од Чешма кон Рампа сакал на дупла полна линија да сврти полукружно и удрил во мотоциклистот кој доаѓал од спротивен правец и заедно завршиле во излогот на „Солета“.
Извор:МКД.мк


