УС Опен: Среде натпревар на тенисер му откажаа нозете, го изнесоа во инвалидска количка

Во 1. коло на УС Опен, последниот Грен слем сезонава, Јапонецот Јошихито Нишиока мораше да се откаже од мечот бидејќи му откажаа нозете.

Нишиока беше блиску до одење понатаму, имаше две меч топки против Миомир Кецмановиќ во четвртиот сет, но тенисерот од Србија успеа да продолжи мечот кон петтиот сет.

Тука започнаа проблемите на Нишиока, кога му попуштија нозете, не можеше да стане, па со солзи во очите го предаде мечот.

Србинот му пријде и започна да го теши, додека сонародниците од Јапонија го оградија со „жив ѕид“ за да не се гледа неговото страдање.

Организаторите донесоа инвалидска количка и го изнесоа од теренот додека неговите помошници цело време му ги држеа нозете.

Најчитани вести