Успешна кампања на МЗШВ: Зголемен интересот за сончоглед, има уште време за сеидба!

Договорното производство на сончоглед е најдоброто решение за земјоделците и откупувачите бидејќи на тој начин ќе има решен пласман и сигурна суровина.

Годинава, договорно производство уште повеќе станува важно поради светската криза, најнапред од Ковид а сега и од војната во Украина, најголемиот производител на сончоглед во светот. Се покажа дека домашното производство е најсигурно и токму затоа компанијата „Кристал 1923“ во соработка со Биспромет Агроцентар од Битола, ја интезивираат соработката и настојуваат што повеќе земјоделци да насеат сончоглед.

Во таа насока се нудат и поволности со цел да им се помогне на земјоделците.

-„Биспромет Агроцентар“ од Битола во соработка со „Кристал“ од Велес помогна во делот на набавка на високоолеински хибриди на семе за сончоглед како и средства за заштита од плевели и болести на сончогледот. Истите ќе бидат платени со склучен договор со фабриката Кристал при откуп на сончогледот.

-Интересот за сеење на сончоглед кај земјоделците годинава се зголеми. Причината беше случувањата со светските кризи и очекуваната повисока цена годинава. На оваа одлично изреагира и се надоврза и ресорното министерство од каде со низа поволни мерки дополнително ги мотивираа земјоделците. Иако најголемиот дел веќе завршуваат со сеидбата, временските прилики дозволуваа и има сеуште време да се сее, но со хибриди кои имаат пократка вегетација – изјави Никола Ѓеровски, директор на „Биспромет Агроцентар“.

Зголемениот интерес за сончоглед го потврдуваат и од Компанијата „Кристал 1923“ од каде велат дека се задоволни од ваквио тек на настаните и дека заедничкито делува на сите чинители во овој процес дава резултатат.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски во изјава за Агротим вели дека ваквиот зголемен интерес од страна на земјоделските производители го охрабрува и покажува дека соработката со нив е на завидно ниво.

-Ние како министерство излеговме во пресрет на сите барања и сугестии кои беа предложени од страна на производителитеи преработувачите со една цел, да ги исполниме нивните услови за да може да засеат поголеми површини но и да произведат повисок и поквалитетен принос. Токму затоа за да ги мотивираме земјоделците, покрај редовните субвенции, обебзеднивме и 2 500 денари за набавка на ѓубриво или 40% субвенција, што е рекордно во регионот испланиравме и близу 100 евра од ха доколку земјоделецот оствари принос од 1,5 тона од хектар – рече Николовски.

Тој ги повикува земјоделските производители да ги искористат последните рокови за сеидба и да придонесат за поголемо домашно производство на сончоглед со што ќе имаме сигурна суровина за масло за јадење.


Извор – Агротим

]]>

Најчитани вести