Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип – Кочани 

 Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре, 21 мај, од 09 до 12 часот поради изведување технички активности ќе биде пренасочен сообраќајот на експресниот пат А3 Штип – Кочани од клучката Крупиште до клучката Кочани.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе го пренасочува сообраќајот во тој период на стариот пат Штип – Кочани.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за изменетиот режим режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. 

МИА

Најчитани вести