Утре штрајк во управата за матични книги

Утре вработените во Управата за водење на матични книги ќе бидат на своите работни места, но нема да ги извршуваат работните обврски во знак на револт поради неисполнување на ветувањата од надлежните и непотпишување на колективни договори, најавија од Независниот синдикат на Управата.

Доколку не се исполнат ветувањата изјавија дека не се исклучува можноста и за генерален штрајк. 

„Немаме каде да одиме, никому не му е гајле за вработените во Управата за водење матични книги. Досега немаме никакви информации за нашите барања. Апелирам до сите институции кои имаат влијание. Ние како Управа сме една од најважните управи, без изводи, без запишување на бракови..

Претседателот на КСОМ посочи дека иако не сакаат да се случуваат блокади и притисок кај граѓаните, според Марјан Ристески вработените во Управата се приморани на ваков чекор.

„Сме разговарале и со раководството на Управата за водење на матични книги и со министерот за дигитална трансформација и со советникот на премиерот, ни беше ветувано-пред избори, после избори, чекаме секој момент…Меѓутоа принудени сме на една ваква постапка.“          

Според потпретседателот на независниот синдикат на Управата, истата има околу 350 вработени, а земаат минимална плата. Тој посочи дека имаат потреба и од нови вработувања, бидејќи недостасувале над 90 работници. Се почесто се случувало одлив на кадар, а причината била минималната плата.

извор: 24.mk

Најчитани вести