Ужасно мени: Служеле печени човечки глави во ресторан

 Нигериската полицијата затворила ресторан каде што продаваат храна од човечко месо, објави „Дејли Мирор“ повикувајќи се на полицискиот извештај.

Според весникот по рацијата во ресторан во Анамбра, држава во јужниот дел на Нигерија, полицијата уапсила 11 лица вклучувајќи го и сопственикот на ресторанот. Чуварите на редот во ресторанот пронашле две машини АК- 47 и друго оружје, муниција, неколку мобилни телефони, како и две човечки глави завиткани во фолија.

Според информациите објавени од страна на полицијата, печените човечки глави биле дури и на менито на ресторанот.

Полицијата била известена за овој ресторан од локалниот свештеник. Според неговите зборови, тој бил изненаден од невообичаено голема сметка за ручекот во ресторанот. Кога запрашал еден вработен во ресторанот зошто цената е толку висока, тој му одговорил дека тоа е затоа што се хранел со човечко месо.

– Бев шокиран – изјавил свештеникот.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Топ Вести

Најчитани вести