Уживајте во денешното сонце – од понеделник голем пресврт

Денеска не очекува променливо облачно време, но со повремени сончеви периоди кои ќе го одбележат денот. Според најавите на синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

  • Минимални температури: Од -3 до 3 степени.
  • Максимални температури: Од 9 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со сончеви периоди и умерен северен ветер. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до -1, додека дневната ќе се искачи до 15 степени.

Почетокот на следната седмица во Македонија ќе донесе променливо и посвежо време со повеќе облачност и локални врнежи од дожд. Според прогнозата, во понеделник и вторник (23 и 24 март) ќе има повремени послаби врнежи, додека во вторник се очекува и засилен ветер од северен правец.

На планините, на надморска височина над 1500 до 1600 метри, врнежите ќе бидат од снег.

Во Скопје и околината времето исто така ќе биде облачно, со услови за слаб локален дожд. Во вторник ќе дува повремено засилен северен ветер. Утринските температури ќе се движат од -2 до 6 степени, додека дневните ќе достигнат од 10 до 17 степени.

Во Скопје, температурата наутро ќе се спушти на околу 3 до 4 степени, а преку ден ќе се искачи до 14–15 степени.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести