Валенсија прв полуфиналист во Еврокупот

Екипата на Валенсија е првиот полуфиналист во кошаркарскиот Еврокуп. Шпанскиот претставник синоќа во реванш четвртфиналниот дуел загуби на гостувањето кај Алба Берлин со 78:73, но со оглед на предноста од 32 поени по првиот дуел Валенсија оди во следната фаза.

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски одигра 17 минути за Алба и постигна седум поени.

Другите полуфиналисти ќе бидат познати по денешните реванши:

Уникс – Анкара (81:68 прв натпревар), Нижњи Новгород – Хапоел Ерусалим (78:81) и Црвена звезда – Будивљник (79:82).

]]>

Најчитани вести