Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Луј Ван Гал во изјава за германски „Билд“ го најави своето пензионирање, во случај по завршувањето на Мундијалот да не најде клуб од Премиер лигата.
– По завршувањето на Светското првенство во Бразил ќе се повлечам од фудбалот, во случај да не најдам врвен клуб во Англија. Имам амбиција да работам во некој силен премиерлигаш поради тоа што никогаш не сум ја доживеал атмосферата која владее на натпреварите во Англија.
Исто така сакам да освојам титула во уште една различна земја (четврта) во мојата кариера, истакнува Ван Гал.
Холанѓанецот освојувал шампионски титули во Холандија (Ајакс), во Германија (Баерн Минхен) и во Шпанија (Барселона).
На „островот“ веќе почнаа да кружат шпекулации дека Ван Гал ќе биде новиот тренер на Тотенхем.
]]>


