Ванковска за Ѓорге Иванов: Тоа ли е човек со достоинство?

„Можно ли е кабинетот да го кандидира, кутриот? Кекеновски не го почитувам, но барем има храброст да се кандидира, а овој, ни ваму, ни таму. Тоа ли е професор? Тоа ли е човек со достоинство? Чека на конкурс да го пријават!!!“, пишува универзитетскиот професор, Билјана Ванковска. Кандидатката за претседател вели дека би било доблесно, доколку ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски се потпишал на иницијативата на Иванов, тоа да го стори и за неа, за да не се чувствува дискриминирана. Сепак, таа не очекува тој тоа да го стори иако и таа како Иванов му е колешка од Универзитетот, велејќи дека ректорот Стојковски уште пред 5 години ја зазел својата страна давајќи му поддршка на Иванов на претходните претседателски избори, со што, според неа се покажало дека е урната автономијата на универзитетот. Извор: Либертас.мк]]>

Најчитани вести