Македонскиот фудбалски шампион Вардар го доби Фенербахче за противник во последната рунда за настап во Лига Европа.
Турскиот претставник е носител на фаворитската улога, пласманот во плеј-оф колото за ЛЕ го обезбеди преку ЛШ, а црвено-црните со елиминацијата од Копенхаген во третото коло од квалификациите. Вардар можеше да налета на Лудогорец, БАТЕ Борисов, Динамо Загреб, Ајакс или Макаби Тел- Авив, но ждребката во Нион му го одреди моќниот Фенербахче.
Шкендија, пак во плеј-офот за ЛЕ ќе игра против италијански Милан.
Во последниот филтер пред влез во фазата по групи во најмасовното натпреварување, тетовските црвено-црни го добија италијанскиот гигант, а во игра беа и Динамо Киев, Бриж, Краснодар и Австрија Виена.
Термините за натпреварите се 17 и 24 август.


