Вардар го испрати Фенербахче со два гола во мрежата

Македонскиот фудбалски првак Вардар на сензационален начин го победи фаворизираниот турски Фенербахче со 2-0.

Искусниот стратег Чедомир Јаневски, имаше успешно деби на тренерската позиција во Вардар, еден ден по неговото претставување во клубот.

Тигран Барсегјан го отвори резултатот во 20-та минута, а Мехмет Топал постигна автогол во судиското надополнување на мечот, во обид со глава да ја врати топката кон својот голман.

Капитенот на Вардар Бобан Грнчаров беше исклучен во 90-та минута, кога доби втор жолт картон, со што нема да игра во реваншот во Истанбул, кој е закажан за идниот четврток. Кај Фенербахче, црвен картон доби Соуза.

Гостите доминираа на теренот, Вардар со дефанзивна но мудра игра се спрасуваше со нападите на Фенербахче и се закануваше со брзи против напади, тактика која на крајот се покажа успешна.

Фенербахче падна во Скопје, Вардар има фантастичен резултат од 2-0 кој може да му донесе историски успех.

Најчитани вести