Ракометарите на македонскиот шампион Вардар попладнево во Бања Лука го играат решавачкиот натпревар за пласман на „фајнл фор“ турнирот во СЕХА лигата.
На „црвено-црните“ им е потребно да останат непоразени во дуелот со Борац, додека со победа Вардар ќе има шанса за освојување и на третото место.
Натпреварот Борац – Вардар почнува во 20 часот.
Покрај овој дуел денеска се игра и уште еден натпревар од 18.коло (последно) во Осиек, Нексе е домаќин на Мешков Брест.
Утре вториот наш претставник во СЕХА лигата, Металург го игра последниот натпревар (17.коло) на гости против Татран Прешов.
Табела: Загреб КО 40 бодови (17 натпревари), Татран Прешов 39 (16), Мешков Брест 33 (16), Вардар 31 (16), Металург 28 (17), Војводина 21 (17), Нексе 20 (16), Борац 12 (16), Ловќен 11 (17) и Партизан 6 (16).
]]>


